Авдија блескаше против Денвер, Кливленд поразен од Феникс

Кошаркарите на Кливленд продолжија да редат порази во НБА и утринава загубија од Феникс за четврти неуспех по ред откако претходно долго не знаеја за пораз во првенството.

Најголем виновник за новиот пораз на Кавс е Кевин Дурент, кој уфрли 42 поени на дуелот кој заврши со победа на „сонцата“, а на кој реализаторски далеку зад него беше Букер со 17 поени. Кај гостите, најголемите ѕвезди беа повеќе од скромни, а Гарленд стигна до 18 поени како најдобар поентер.

Денвер врза втор пораз и не успеа да излезе на крај со Портланд без повредениот Никола Јокиќ во тимот. Затоа расположен беше Дени Авдија, кој уфрли 36 поени, заедно со 8 скокови и 7 асистенции во триумфот на неговиот тим.

Бостон беше сигурен на гостувањето кај Јута, остварувајќи убедлива победа, во која Порзингис и Тејтум го завршиле дуелот со 27, односно 26 поени.

Вашингтон – Орландо 105:120
Мајами – Хјустон 98:102
Минесота – Њу Орлеанс 134:93
Оклахома – Шарлот 141:106
Сан Антонио – Филаделфија 128:120
Далас – Детроит 123:117
Јута – Бостон 99:121
Фeникс – Кливленд 123:112
Портланд – Денвер 128:109
Л.А Клиперс – Мемфис 128:108