Ф1: Пјастри ја освои најдобрата стартна позиција за Големата награда на Бахреин

Австралискиот возач Оскар Пјастри (Мекларен) ја освои најдобрата стартна позиција во саботната квалификациска сесија за неделната трка од Светскиот шампионат во Формула 1 за Големата награда на Бахреин, а во првиот ред ќе му се придружи и Британецот Џорџ Расел (Мерцедес).

Пјастри сосема заслужено стигна до пол-позицијата, бидејќи најбрзиот круг го имаше во вториот и третиот дел од квалификациите. Изгледаше дека Мекларен може да ги има двајцата возачи во првиот ред, но во третиот дел од квалификациите, Ландо Норис беше само шести и заврши во третиот ред со Французинот Пјер Гасли (Алпен).

Монежанецот Шарл Леклер (Ферари) и младиот Италијанец Кими Антонели (Мерцедес) ќе ја започнат неделната трка за бодови од вториот ред.

Актуелниот светски шампион Макс Верстапен (Ред Бул), кој славеше на последната трка во јапонска Сузука, в недела ќе биде на седмата стартна позиција, а во истиот ред е и Шпанецот Карлос Саинц Јуниор (Вилијамс). Зад нив ќе бидат Луис Хамилтон (Ферари) и Јуки Цунода (Ред Бул).

Трката за Големата награда на Бахреин в недела ќе започне во 17 часот по средноевропско време.

По три од 24 трки од овогодинешниот календар на Ф1, Норис е на врвот со 62 бода, само еден зад Макс Верстапен. Оскар Пјасти е трет со 49 поени.