Серија А: Без победник во римското дерби

Лацио и Рома одиграа без побденик 1:1 (0:0) во градското дерби, последниот натпревар од неделната прогрмаа во 32. коло од италијанскиот шампионат.

Лацио поведе со голот на Ромањоли во 47,, кој со глава го совлада Свилар, за да израмни Соуле во 69. минута со одличен удар од 25 метри кој се одби од гредата зад гол-линијата.

Со ова реми Лацио остана шести со 56 бодови, два повеќе од седмопласираната Рома. Веднаш погорде на табелата се четвртопласираниот Јувентус со 59 и петтопласираната Болоња со 57 бодови, а потоа следат Фиорентина со 53 и Милан со 51. Интер води со 71 бод, шест повеќе со натпревар помалку од вториот Наполи.

Фудбалерите на Комо практично го обезбедија опстанокот во италијанската прва лига со минималната победа од 1:0 (1:0) против Торино. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Дувикас во 38. минута.

Комо е 13-ти на табелата со 36 бодови, 12 повеќе од 18-та Венеција и 19-тото Емполи, а на шест кола до крајот на сезоната практично се недостижни за тие две. Торино е 10-ти со 40 бодови.

Фиорентина ремизираше 0:0 на домашен терен против Парма во натпреварот од 32.коло на италијанското фудбалско првенство. Со овој кикс Фиорентина дополнително ги намали шансите за настап во Лигата на шампионите следната сезона, сега е осма со 53 бода, заостанува шест бода зад четвртопласираниот Јувентус, кој го држи последното место кое води во Лигата на шампионите следната сезона. Парма е 16-та со 28 бодови.

И Верона и Џенова одиграа 0:0. Џенова е 12-та со 39 бодови, а Верона 14-та со 32.

Претходно во неделата, Аталанта победи против Болоња со 2:0. Аталанта поведе во третата минута со голот на Марко Ретеги, а потоа на 2:0 зголеми Пашалиќ во 21. минута. Аталанта се врати на третото место на табелата и сега заостанува десет бода со 61 бод, зад лидерот Интер и четири зад второпласираниот Наполи. Болоња, која беше во серија од шест натпревари без пораз, падна на петтото место со 57 бодови.