
На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути стагнира на најниско ниво во последните три години.
Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест главни светски валути, претпладнево се движи околу 99,70 поени, додека во петокот на затворањето на тргувањето беше 99,78 поени.
Курсот на американската во однос на јапонската валута се лизна од 143,50 на 143,00 јени.
Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,1375 долари, додека во петокот вечерта беше 1,1355 долари.
Цените на нафтата, пак, паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево се лизна за 0,32 отсто, на 64,55 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,33 отсто, на 61,30 долари.