Руската амбасада написите во Sunday Times за Македонија ги нарече делириум

Руската амбасада во Скопје остро ги критикуваше написите во британскиот весник Sunday Times, наведувајќи дека објавил низа „лажни“ материјали за наводната „вмешаност“ на Москва во настаните во Македонија, се наведува во текстот објавен на сајтот на руското министерство за надворешни работи во делот од кој се наведени лажните публикации за Русија.

„Не така одамна многумина се сомневаа дека активното вклучување на британските медиуми во информациската војна може да ги поткопа основите на традиционалното силно британско новинарство. Но сега одговорот е очигледен – неговиот квалитет е неповратно деградиран. Уште една потврда за тоа е се објавените на 30 април и на 7 мај годинава серијата статии во Sunday Times во врска со Македонија“, се наведува во соопштението на руската амбасада во Скопје.

Во првиот напис се наведуваше дека „некои проруски националисти“ може да ја претворат Македонија во „бојно поле меѓу Русија и Западот“. Во вториот материјал стануваше збор за тоа дека Москва наводно му се заканувала на Скопје со ембарго на извоз на земјоделските производи, но и во двата случаи не беа наведени показатели или докази во прилог на тие тврдења.

Руските дипломати во прв ред истакнуваат дека авторот на споменатите написи избрал крајно тенденциозни наслови „Македонија под закана на руското вмешување“ и „На Македонија ѝ кажаа: или свртување кон Русија, или страдање“. Амбасадата, притоа изразува жалење и што дури еден весник како што е Sunday Times е принуден да објавува „евтини пропагандистички новинарски патки“,

„Овие написи …толку концентрирани со пренебрегнување на фактите, со толку болна желна за потурки и откриени лаги, што сиве овие глупости веќе не е можно да се наречат продукт на професионалното новинарство“, се истакнува во соопштението.

Руската дипломатска мисија пишува дека е бесмислено „да се негираат сите лаги и ‘фејкови’ во написите во џејмсбондовски стил. Како пример за „бујната фантазија“ на авторот, амбасадата укажува на тоа што од текстовите произлегува дека тој дури воопшто не ги знае резултатите од предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 11 декември во Македонија.

„За што може да се зборува со ‘аналитичарот’ кој ја нарекува актуелната влада на Македонија ‘прокремљска’ а потоа, само неколку редови подолу, тврди дека ‘Русите вршат директен притисок врз македонската влада за таа наводно да се преориентира кон Москва’? Каде е тука логиката или барем елементарниот здрав разум“, прашуваат руските дипломати.

Се тврди и истакнува, исто така, дека Македонија била изложена на притисоци, уцени и закани од страна на Брисел, Вашингтон и Лондон. Притоа Западот се обвинува за обид одговорноста за потпалување на хаосот во Македонија и во регионот да ја да ја префрли врз Русија.

„Како ќе заврши оваа нова авантура на Западот на Балканот, уште е тешко да се каже. Но едно е јасно – Sunday Times ќе продолжи неуморно да измислува причини за ‘разобличување’ на ‘интригите на Кремљ’, а добро воспоставениот во Лондон центар за русофобни фалсификати ќе продолжи неуморно да работи“, се резимира во реакцијата на амбасадата.