Кумановец претепан со бејзбол палки

Педесет и двегодишен кумановец бил претепан со безбол палки, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Поради нарушени семејни односи, 27-годипшниот Б.Д. и уште едно непознато лице почнале најпрво расправија, а потоа физички го нападнале со безбол палки, нанесувајќи му  тешки телесни повреди на главата и нозете.

Повредениот бил пренесен на Клиничкиот центар во Скопје.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.