Европскиот комесар за упраувања со кризни ситуации, Јанез Ленарчич, изјави во неделата дека Европската унија очекува дека Турција ќе го почитува договорот кој во 2016 година го постигна со Брисел, а се однесува на мигрантите и бегалците кои се наоѓаат на турска територија.
„Европската унија смета дека Турција ќе го почитува договорот и дека нема да дозволува неконтролирано заминување на мигрантите од нејзината територија кон Западот“, рече Ленарчич во разгворот за Слвенечката телевизија, во врска со актуелната мигрантска состојба и најавите од Турција.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека ги „отворил портите“ за мигрантите по загинувањето на 33 турски војници во Сирија.
ЕУ се потпираше на Турција во запирањето на мигрантскиот бран откако во 2015 година во нејзините западни членки пристигнаа повеќе од милион и пол луѓе од Блискиот исток, што предизвика голема политичка криза на континентот.
Ленарчич истовремено предупреди дека Турција има голем товар, бидејќи на нејзината територија, според тврдењата на Анкара, има речиси 4 милиони мигранти, во најголем дел бегалци од соседна Сирија во која сѐ уште траат воените операции, вклучително и на турските сили.
На прашањето за информациите на некои невладини организации за наводни неправилнсота на националните полициии на државите кои се наоѓаат на ткн блаканската мигрантска рута, Ленарчич рече дека таквите постапки се во ингеренција на националните закони, но дека треба да се води сметка дека „мигрантите се луѓе, а луѓето имаат човекови права, па тоа е обврска на сите земји членки на ЕУ“.