Пациент скокнал од шестиот кат на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија во Скопје во петокот и си го одземал животот, објави „Слободен печат“. Среде бел ден, без ништо да наговести дека ќе се случи трагедија, пациентот си го одземал животот. Директорот на Клиниката доктор Неџати Јакупи вели дека вакво нешто првпат се случува на Клинички центар.
-За жал, точно е. Во петокот се случи овој немил настан и сите сме во неверица. Пациентот беше опериран од карцином на бел дроб, беше повозрасен човек од над 60 години. Имал и претходно депресии. Наредниот ден требаше да се пушти дома после операцијата, беше опоравен, а операцијата успешна. Но, за жал скокнал низ прозорецот од шестиот кат, а ништо не го наговестуваше тоа, изјави доктор Јакупи за ,,Слободен печат”.