Навални раскажа зошто бил „отруен“ и за „наркотриповите“ по комата

Рускиот опозициски блогер Алескеј Навални изрази уверување во своето прво интервју откако излезе од берлиснакта болница, дека руските разузнавачки служби го отруле со воениот нервен агенс „новичок“, бидејќи Кремљ го сметал за закана пред парламентарните избори летото идната 2021 година и раскажа за сензациите кои ги доживеал додека бил и излегувал од коматозната состојба, како и дека на руски јазик зборувал со германската канцеларка Ангела Меркел.

Во разговорот со новинарот Јуриј Дудјо, емитуван на канал на YouTube, Навални вели дека не чувствувал ништо. „Едноставно спиете целосно исклучен, но тоа не изгледа на сон“, вели блогерот.

Притоа истканува дека излегувањето од ваквата состојба воопшто не е слично на тоа како што се прикажува во филмовите. Навални, исто така, вели дека 18 дена бил „жестоко на наркотик“ а потоа „го симнале“.

„Ја искусив полусмртта, потоа комата, а потоа уште и наркотични пеколни халуцинации. Целиот овој наркотрип, целосно не наликуваше како во некои филмови“, додава Навални во првото видео интервју по инцидентот.

Долго време му се чинело дека живее во друга реаност, како наводно да му било кажано дека доживеал несреќа во Берлин, а јапонски професор „ќе му направи нови нозе и грб“.

„Ова не изгледаше како нешто што го гледав, беше реално. Тоа беше работа со којашто живеев неколку дена. Тоа, веројатно, во тоа време кога уште спиев, или кога седев со отворена муцка и не ги препознавав луѓето, а во својата глава водев фасцинантни дијалози во нив (…) Тоа дури не беше халуцинација, тоа беше реалност“, сподели Навални.

Истакна дека сфатил оти лежи во болница и оти не му е добро, како и дека излегол од кома.

„Халуцинациите, во мојот случај, воопшто не беа розови слонови или зајаци кои зборуваат, не беа непријатни сензации, тоа се прилично адски нешта (…) Беше многу лошо“, признава Навални.

Во продолжение Навални зборува дека е убеден оти е отруен поради изборите за руската Дума кои се закажани за септември следната година.

„Сфатија дека имаат големи, големи проблеми кои им се закануваат во пресрет на изборите за Думата“, вели Навални.

Навални кој важи за „тешкото дете“ на руската опозиција, од 2010 година го загуби рејтингот на значаен опозцинионер по што основа фондација за борба против корупцијата за која ја обвинува власта на претседателот Владимир Путин и често на опозициските протести предизвикува инциденти за кои е притваран и осудуван.

Меѓутоа, тој на Западот е упорно претставуван како најжесток противник на Путин, особено по случајот по неговото наводно труење со нервниот агенс од 20-ти август, по што според стричњаците невообичаено покрај тоа што останал жив и излегол многу брзо од кома и добро се опоравил.

Германска воена лабораторија соопшти дека бил труен со „новичок“, откако тоа не го открија три цивилни лаборатории во Германија кои само наведоа дека има знаци на труење. Меѓутоа Берлин и натаму одбива да ги размени биоматеријалите на Навални со оние на трите руски лаборатории кои не откриле траги на отровни супстанции во неговиот организам. Поради тоа и Русија вели дека не може да отвори целосна истрага, иако уште од август спровела одредени предистражни дејствија.

Навални во разговрот вели дека не знае како „новичок“ завршил во неговото тело, но дека можеби нешто пипнал. Вели дека неговото закпрепнување ќе трае уште два месеца и во еден момент од разговорот ја испружа раката за да покаже како се тресе.

Додаде дека сѐ уште прима терапија, дека здравјето значително му се поправило и дека лекарите се изненадени од брзината на неговото закрепнување.

Навални, исто така, вели дека германската канцелрка Ангела Меркел кога тајно го посетиле во берлинската болница „Charite“ го започнала разговорот со него на руски јазик, и оти тоа бил прватен а не политички разговор.

Претходно портпаролот на владата на Германија, Штефен Зајберт, ги потврди медиумските извештаи дека Меркел го посетила Навални во текот на неговото болничко лекување.

„Таа (Меркел) велза, мојата прва помисла беше само една: ова е болница, колку е добро што сум облечен. Тоа беше приватен разговор со моето семејство, нема да раскажувам никави детали, ништо значајно не беше кажано, не бепе политички разговор. Бев изнанаден коил таа е во тек со поединости и многу добро разбира што се случува во Русија… Влезе Меркел и почна да зборува на руски јазик. Потоа се префрливме на англиски јазик, но ми се чинеше дека таа моќе јасно да зборува на руски“, вели Навални,.

Според него, тој не бил известен за нејзината посета во болницата, но бил задоволен. „Секако беше убаво што дојде“, вели Навални. Додаде дека Меркел немала никаво обезбедување, туку само полицијата која го обезбедувала него во болницата, но истакна дека сега нему му е доделено обезбедување.