12.8 C
Skopje
понеделник, мај 13, 2024

Приведен полицаец за барање мито

Се нудел да сопре наводна истрага, дознава Канал 5.

Полицаецот, според сознанијата на Канал 5, побарал 6000 евра за услугата, но на крајот се договориле за 2000 евра. Во меѓувреме, сопственикот на фирмата го пријавил случајот во полиција, од каде му биле дадени обележани пари, кои тој вечерва му ги дал на полицаецот-изнудувач.

Во тој момент инспекторите од крим полиција му ставиле лисици на полицаецот-изнудувач.