Нова рекордна бројка починати од коронавирусот во Грција

2020 (EUROKINISSI)

Во изминатите 24 часа Грција забележа нов анти-рекорд на смртни случаи на дневно ниво, откако почина 121 лице, а намален е бројот на новозаразени со 1.747 нови случаи.

Повторно, најголемиот број заразени е во Солун, 486. Во областа Атика, поширокиот регион на Атина се 273, а останатите во 48 различни делови на земјата.

Во грчките болници, приклучени на апарати се лекуваат 606 пациенти.

Од почетокот на епидемијата регистрирани се вкупно 103.034 случаи, а починаа 2.223 лица.