Му помагаат на тригодишно дете да пука со пиштол, видеото обајвено на ТикТок

На мобилната апликација ТикТок денеска се појави видео во кое мало дете, со помош на двајца возрасни мажи, пука со пиштол, објави СДК.мк.

На видеото има и датум од кој се гледа дека било снимено на 01.01.2021 година, 13 секунди по полноќ, а е објавено од извесен корисник Агрон Џафери, за кој се претпоставува дека е од Тетово.

Видеото набрзо по објавувањето е симнато од ТикТок, но веќе било повеќе пати споделено. Од СВР Тетово велат дека ваков случај сѐ уште не е пријавен кај нив.