2.8 C
Skopje
сабота, декември 28, 2024

Европските држави се борат што е можно повеќе да вакцинираат, кај нас борбата е да обезбедиме вакцини, посочи Мицкоски

(AP Photo/Frank Augstein, Pool)

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за дневникот на телевизија Алфа, рече дека на средбата со премиерот на Унгарија Виктор Орбан, премиерот на Словенија Јанес Јанша и премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ се разговарало и за вакцинацијата на граѓаните од КОВИД 19, посочувајќи дека додека премиерите на трите држави се борат да обезбедат поголем број на вакцини преку дополнителен алтернативен извор на вакцини, владата на СДСМ се уште немаат обезбедено ниту една вакцина во Македонија како резултат на неспособноста укажувајќи дека оваа неподготвеност на владата чини семејни трагедии.

„Генерално чувството кај тројцата со коишто разговаравме по оваа прашање е дека Ковакс системот доцни и дека таму се случува доцнење и навремено немаме обезбедени количини на вакцини кои што понатаму би биле практично пуштени во оптек за да може оние граѓани кои што сакаат да се вакцинираат да се вакцинираат. Но суштината е дека сите тројца премиери се борат да обезбедат опција за граѓаните, оние кои што сакаат да се вакцинираат да се вакцинираат, но оние кои што не сакаат да се вакцинираат не сакаат но сепак имаат можност тоа да го сторат“, рече Мицкоски.

„Од разговорите со тројцата премиери заклучив дека кај нив вакцинирањето е започнато пред Нова Година, тоа е во определен но и едниот и другиот и третиот не се задоволни од динамиката на вакцинација и се борат да обезбедат и алтернативен извор на вакцини покрај оние кои што ќе биде дел од Ковакс системот. Но, за жал кај нас како што можеме и јавноста да слушне од владата првите вакцини би требало да стигнат некаде таму крајот на февруари месец, а оние вакцини кои што требаше да ги добиеме како донација од нашиот северен сосед гледаме дека ниту имаме протокол, ниту имаме план ако истите да ги третираме, а потоа да ги примениме или да ги аплицираме. Така што за разлика од Унгарија, Словенија и Хрватска, македонските граѓани оние кои што сакаат да се вакцинираат немаат таква можност и немаат таква опција. Тоа се должи на неподготвеноста, на неспособноста на владата. Фини се оние прес конференции, фини се оние смирувачки тонови кои што ги слушаме веќе една година но тоа чини животи, тоа чини семејни трагедии и за жал ние сме на дното во Европа“, нагласи Мицкоски.