МВР ја повлече потерницата за Мијалков

Министерството за внатрешни работи вечерва ја ажурираше веб страницата и ја повлече меѓународната потерница за екс директорот на УБК, Сашо Мијалков од веб страницата.

Ваквата одлука следува откако Мијалков сам се пријави во Обвинителство.

Основниот кривичен суд – Скопје со Решение на обвинетиот Сашо Мијалков му определи мерка куќен притвор и 24 часовен видео и аудио надзор.