Доколку запознаете маж, кој е силен, но не мора секогаш да биди најпаметен, има доза на дрскост и самодоверба, но неизмерно ве сака, не го пуштајте од раце!
Спедуваат 11 доблести кои секоја жена би ги посакала:
Додека ве гледа, навистина ве гледа
Доколку мажот во гледа директно во очи и ве слуша, тоа е знак на вистински интерес. Учеството во разговорот и поставувањето прашања го покажува неговиот интерес, тој сака да нурне во душата на жената, да разбере каква личност е таа. Тој не е заинтерсиран само за телесниот контакт, ниту жената му служи како додаток, тој сака партнер, кој го цени.
Добар е, но не дозволува другите да го газат
Постојат агресивни типови на мажи, кои со својот став и однесување покажуваат дека сметаат оти се подобри од другите. Од друга страна постојат мажи со пасивен карактер и слаба волја, кои со сила се трудат да бидат прифатени од другите. Највреден е мажот во кој се обединети овие особини, тој има мерка меѓу понизноста, но и самодовербата. Неговото срце е нежно, но може да биде и брутален и ефикасен во битките кои треба да ги извојува.
Знае да готви
Притоа не значи дека тој треба да биде врховен готвач, импресивно е да ги знае основите на готвењето, пред се за да може сам себе да се прехрани. Освен што љубовта оди преку желудникот, кулинарската вештина е показател за неговата снаодливост и волјата да ги дели со вас и другите домашни обврски.
Амбицозен е, но и приземјен
Луѓето, кои не тежнеат кон нешто подобро во животот и не се подготвени да работат за тоа, се осудени на досадно и пасивно преживување. Не е поентата во тоа мажот да биде визионер и сонувач со невозможни соништа, туку само неговиот мозок да работи, да сака успех заради лично признавање на своите способности и за да ви обезбеди убав живот.
Физички е активен
Неговата физичка активност е поврзана со неговиот изглед, но и со тоа колку држи до себе.
Интелегентен е, но не и дрзок…добро може само малку
Мажот, кој е интелегентен, брз и мудар, секако е партнер, кој секоја жена би требала да го задржи во животот. Убаво е да се разговара, да се расправа и да се примаат совети од некој паметен, но се додека тој не е арогантен и не го наметнува своето мислење.
Знае да ве насмее
Доколку мажот не може да измами насмевка на вашето лице и да ве орасположи, тој однос нема смисла и подобре е веднаш да му ставите крај. Хуморот и позитивниот став се особини на партнерот за цел живот и најважно оружје во заедничкиот живот, со кој ќе се борите против рутината, несреќи, стрес…
Ве сака со цело срце
Ова е најважната доблест на мажот, кој би требало да ги имате покрај себе за цел живот. Вистинската и долготрајна љубов не е нешто што може да се изглуми, ниту прикрие. Се открива во погледот, начинот на кој ве допира, се грижи, советува.
Подготвен е да попушти
Постојат голем број мажи, а секако и жени, кои во се мораат да бидат први, секогаш се во право, најпаметни се. Мажот, кој понекогаш знае да попушти, да се откаже од расправија или воопшто и да не ја почне е мудар човек, кој секоја жена би го посакала.
Тука е кога ви треба
Добриот маж и партнер не бега од првиот знак на проблемот, од болест од смртни случаи во семејството, од се што ги погодува луѓето во животот. Тој сака да помогне, а ако не знае и не може, ќе се потруди барем да биде рамо за плачење.
Знае да биде несебичен
Ова може да се примени на речиси секое животно подрачје. Мажот кој се грижи за својата партнерка нема да биде себичен.