Почна сoслушувањето на најопасната криминална група на Балканот, Велимир Беливук познат како „Веља Невоља“, во петокот влезе во судница и се соочи на суд.
Веља Невоља и Марко Миљковиќ биле главни организатори на злосторствата и исчезнувањето на неколку лица, во најголем дел навивачи.
Негирал дека имал врска со исчезнувањето на навивачи и рекол дека тоа се измислици.
Но, кога Обвинителството им ги покажало снимките пронајдени во нивните мобилни телефони преку апликацијата „скај“ каде што се гледа како телата ги мелат во машина за мелење месо на неколку од нив им се слошило.
Според медиумите, откако им биле прикажани сцените, некои од осомничените го затворале очите а некои дури и повраќале во судницата за време на сослушувањето.
Беливук се бранел со молчење за време на испрашувањето во врска со одлуката за проширување на истрагата, во која се наведува дека Лазар Вукичевиќ и Александар Глигоријевиќ биле убиени во куќата на ужасите во Ритопек.