![lokalni izbori 2021](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/07/lokalni-izbori-2021.png?resize=696%2C438&ssl=1)
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ќе ги распише локалните избори на 6-ти август, следниот петок.
Според тоа, првиот круг од изборите ќе ги закаже за 17-ти октомври, согласно Изборниот законик и Уставот дека локалните избори се одржуваат во втората половина на октомври, а мандатот на локална власт е четири години без можност за продолжување.
Во одност на измените на Изборниот законик, Џафери на денешниот брифинг со новинарите, не сакаше да прецизира дали ќе бидат донесени пред годишниот одмор на пратениците кој почнува на 1-ви август.
Во меѓувреме, собраниската Комисија за политички систем треба да ги заврши амандманите, но треба да се истакне дека и голем дел од поднесените амандмани биле вратени поради несоодветно користење на уставно име.