Сопствениците на најбогатиот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Сити се подготвени да испратат неморална понуда до францускиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Португалија, Порто, Елиакуим Мангала.
Интернационалната групација “Абу Даби” сака по секоја цена да ги осигура услугите на 22-годишниот дефанзивец и тоа за време на зимскиот преоден рок.
Челниците на Сити се убедени дека се доволни 46 милиони евра за да се осигураат услугите на стандардниот првотимец во дресот на Порто.
Мангала подолг временски период важеше за голема желба на градскиот ривал на Сити, тимот на Манчестер Јунајтед но за разика од тие на Сити, челниците на Јунајтед не се подготвени да одвојат толкава милионска сума за францускиот интернационалец.