Девет луѓе се убиени во пукотница во црква во афроамериканска заедница во градот Чарлстон во Јужна Каролина.
Засега непознат човек отворил оган врз верници во црквата.
Еден човек е ранет и пренесен во болница. Шефот на полицијата на Чарлстон, Грегори Малан изјави дека станува збор за криминален чин предизвикан од омраза, извршен од расистички побуди.
Полицијата е во потрага по момче на возраст од 21 година.