Аделина Тахири: Имав сообраќајка, но добро сум!

Аделина Тахири: Имав сообраќајка, но добро сум!

Пејачката Аделина Тахири се огласи по написите во албанските медиуми дека е тешко повредена во сообраќајна несреќа. Таа информира дека вчеравечер навистина имала сообраќајна несреќа, но и дека е вон животна опасност.

Пејачката напомена и дека фотографиите од сообраќајката, на кои се гледа уништен автомобил, не се од нејзината несреќа.

– За сите тие што ми пишаа, ми се јавија и што се вознемирија: Добро сум… Фотографиите не се од мене и мојот автомобил. Доживеав мала сообраќајна несреќа и сум надвор од животна опасност. Ви благодарам на сите – стои на официјалниот профил на Аделина на „Инстаграм“.