Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден издаде 410 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање право на азил во Република Македонија на странските државјани кои илегално влегле во земјава.
Во периодот од 19.јуни до 07.јули издадени се потврди на вкупно 9.005 странски државјани, од кои, 6.964 машки, 1.140 женски, 861 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 40 деца на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија- 6.194, потоа Авганистан-771, Ирак-493, Пакистан-369, Сомалија- 302, Конго-241, Палестина-236, додека останатите се во помал број.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до денеска до Одделението за азил се поднесени 13 барања од сиријски државјани за азил од нив четири за деца.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 07.07.2015 година се евидентирани вкупно 32 баратели на азил, од кои 25 баратели на азил се мажи, а пак 7 баратели на азил се малолетни лица. Жени баратели на азил не се евидентирани. Од вкупниот број на баратели на азил кои се присутни во ЈУ Прифатниот центар, евидентирани се 2 баратели на азил со повреди на долните екстремитети (двајца мажи) и 7 малолетни лица без придружба на старател.
До 17.00 часот, Црвениот крст пружи прва помош на 222 лица на железничките станици Табановце и Гевгелија. Извршен е транспорт на 1 лице до општата гевгелиска болница, а по укажаната медицинска помош лицето е вратено на железничката станица. Дистрибуирани се: 196 шишиња вода, 24 UNFPA пакети, 24 кутии двопек, 25 ќебиња и 2 пакувања пелени.