
Потпретседателот на Парламентот на Нов Јужен Велс Федерик Џон Наил денеска ќе го посети Македонскиот Парламент.
Наил ќе има средби со потпретседателот на Собранието и претседател на Комисијата за надворешна политика Антонијо Милошоски, и со претседател на Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Австралија Илија Димовски. На средбите ќе присуствуваат и членовите на овие комисии.