Додека ја чека храната која ја нарачала во еден ресторан, дрска Американка расплака жена, бидејќи не зборувала на англиски јазик. Сето ова е снимено, а видеото на Јутјуб го поставил Хуан Фернандез, кој го снимил инцидентот.
На снимката може да се види како жена влегува во конфликт со друга жена која со својот сопруг зборува на шпански јазик.
Таа и’ коментира на Шпанката: „Во Америка се зборува на англиски јазик“.
Иако жената која зборува на шпански јазик знае англиски јазик, видно е вознемирена со коментарот на Американката. Таа во солзи вели: „Знам англиски, можеби не најдобро, но знам“.
Жената облечена во сина кошула која ја навреди Шпанката, продолжува да се расправа со нејзиниот син, кој го снимил овој настан и нагласува дека ако не знаат англиски, треба да ја напуштат земјата.
Погледнете го видеото: