Чешка НВО одвои 68.000 евра за помош на бегалците

Чешката невладина организација „Луѓе во неволја” ќе одвои 68.000 евра од својот фонд за итна помош на бегалците во Македонија и Србија, јави МИА.

Помош на бегалците во Македонија и Србија од чешка НВО

Како што информира новинската агенција, претставниците на организацијата, кои изминатите недели биле на македонската и српската граница сметаат дека бегалците се исцрпени и заради непознавање на јазикот и законите на земјите лесно стануваат жртви на поткуп и други злоупотреби на шверц бандите.

Две македонски и една српска партнерска невладина организација меѓу бегалците ќе обезбедуваат вода и храна, психо-социјална и правна помош, како и информации за ризиците од шверц бандите. Ние ќе се фокусираме првенствено за заштита на жените и децата, објасни координаторката на „Луѓе во неволја”, Емануела Мацкова.

migranti-kriza-tranzitni-linii

Инаку годинава, околу 100.000 бегалци, повеќето од Сирија и другите конфликтни подрачја на Блискиот Исток, преку Македонија и Србија се упатуваат кон Унгарија и Шенген зоната за слободно движење.

Во обид да го спречи приливот на мигранти Унгарија во моментов гради четири метри висока и 175 километри долга ограда на границата со Србија.

Само во Македонија дневно се упатуваат по 3.000 мигранти

Според Обединетите нации (ОН) и УНХЦР во наредните месеци се очекува само во Македонија секој ден да се упатуваат до 3.000 мигранти.

Само во Македонија дневно се упатуваат по 3.000 мигранти
Само во Македонија дневно се упатуваат по 3.000 мигранти

Од Канцеларијата на Високиот комесар на ОН за бегалци (УНХЦР) Антонио Гутерес пред неколку дена беше упатена критика кон Европската унија за нејзините миграционата политика со барање за посолидарно разделување на товарот на бегалската криза.

Портпаролот на УНХЦР Мелиса Флеминг во Женева повика за помош на државите, како Грција, Македонија и Србија чии можности се исцрпени.