Еден од оние кои јавно се појави со свое видување на репрезентативниот фудбал е и поранешниот репрезентативец, Илчо Наумоски.
Тој на Фејсбук го изрази своето разочарување од моменталната ситуација во македонскиот фудбал, а “удри” по раководството на ФФМ и дел од сегашните членови на репрезентацијата.
Илчо Наумоски за македонската фудбалска репрезентација одигра 45 натпревари и постигна девет голови.
Тој и стави крај на фудбалската кариера ова лето на 32-годишна возраст откако доживеа тешка повреда на стартот на својата авантура во дресот на Вардар за кого одигра само три натпревари и постигна два гола.