Полицијата во Мостар во последните седум дена е густо распоредена долж Булеварот, поранешната линија на одвојување на Бошњаците и Хрватите, а наместо смирување на состојбата таму има секојдневни тензии.
Физички напади, палење на институции и партиски централи, како и изјави кои што вознемируваат и предизвикуваат страв во градот кој што е етнички поделен уште од времето на војната.
На седми овој месец, во текот на протестите и нередите во Mостар беа запалени шест згради на градски и институции на кантоните, како и објекти на политички партии. Оттогаш секој ден се одржуваат протести на кои што се собираат стотина граѓани.