Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, на денешната прес-конференција на која присуствуваше и претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, го презентира отчетот на Град Скопје за 2015 година.
– На истекот на уште една успешна година, редно е да го сумираме сработеното, да се потсетиме на проектите што ги вети и ги реализира Градот Скопје во 2015 година, но и да ги најавиме планираните проекти на кои ќе се посветиме во наредната, 2016 година. Во текот на 2015 година реализиравме многубројни проекти во сите сфери на општественото живеење, а особено сум горд на следниве неколку капитални проекти: го изградивме најголемиот кружен во Скопје, на крстосницата меѓу булеварот Партизански одреди и улиците Ѓорче Петров и Ацо Шопов, кај Порта Влае; го проширивме третиот дел од булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов и улицата Јордан Мијалков; го обновивме коловозот на дел од булеварот Јане Сандански и на улицата Кемал Сејфула; за да се зголеми безбедноста на пешаците изградивме пешачки натпатник кој ги поврза населбите Хиподром и Инџиково; изградивме модерна катна гаража „Тодор Александров“, во центарот на градот; ги отстранивме штетните азбестни покриви на сите средни училишта на Град Скопје, што претходно беа покриени со азбестни плочи и ги реконструиравме објектите на 9 средни училишта; ги гасифициравме средните училишта „Зеф Љуш Марку“ и „Арсени Јовков“; Скопје стана прва локална самоуправа во Република Македонија којашто набави електроскутери и електровелосипеди за потребите на администрацијата; по должината на булеварите, во парковите и во дворовите на сите средни училишта засадивме 9.500 садници; го уредивме вториот дел од паркот „Македонија“, по должината на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов и Паркот на природата „Гази Баба“; го унапредивме процесот на подигање на отпадот од домаќинствата со поставување подземни контејнери и со набавка на нови пластични контејнери за отпад; преку ЈП „Комунална хигиена“ набавивме 5 специјални возила и воведовме нов систем за собирање на кабастиот и инертниот отпад; а како една од мерките за намалување на загадувањето на воздухот, градските улици за првпат почнавме да ги прскаме со еколошкото средство калциум магнезиум ацетат. Особено се посветивме на реализација на проектот за унапредување на велосипедската инфраструктура и за зголемување на безбедноста на велосипедистите во градот – СКОПЈЕ ВЕЛЕГРАД 2017. Како дел од рутата 1 од овој комплексен проект изградивме и реконструиравме над 8.000 метри велосипедски патеки. Градежните работи на рутата 1 се пред самиот крај, со што на велосипедистите им овозможуваме непречено да се движат од Гази Баба, преку центарот на градот, до Карпош – рече денеска градоначалникот Трајановски.
Трајановски додаде дека Градот Скопје и во 2016 година ќе работи на големи инфраструктурни проекти, со кои ќе се надминат многубројни долгогодишни проблеми и кои ќе го подобрат живеењето на граѓаните.
– Дел од овие проекти се веќе почнати, а својата завршница ќе ја имаат токму во 2016 година. Меѓу нив ќе ги издвојам: во Општина Ѓорче Петров ќе го прошириме булеварот Партизански одреди до кружниот тек кај црквата „Свети Петар и Павле” и ќе го продолжиме проектот за пробивање на тесните грла на улицата Борис Сарафов; во Општина Сарај ќе ја реконструираме главната улица Сарај и улици во Глумово; во Општина Карпош ќе градиме кружен тек кај Хубо Маркет, на булеварот 8 Септември и фекална канализација на улицата Московска; во Општина Центар ќе прошириме