Со вкусен фил од сирење и мисиркини гради ова е вистински ручек.
Состојки:
15-тина палачинки
2 јајца
2 дл кисела павлака
300 грама мисиркини гради
300 грама тврдо сирење
1 пиперка
Сол, бибер и оригано
100 грама сусам
50-тина грама презла
Подготовка:
Изматете јајца и кисела павлака по половината смеса оставете ја за премачкување на палачинките во тепсија, а половината искористете ја како основа за подготовка на филот.
Сите состојки иситнете ги и измешајте ги со другата половина, додадете половина од сусамот и зачинете со сол, бибер, оригано и со така подготвената смеса наполнете ги претходно подготвените палачинки.
Тепсијата намачкајте ја со зејтин па врз неа ставете мешавина од презла и сусам.
Во така подготвената тепсија ставете ги готовите палачинки, премачкајте ги со мешавина од павлака и јајца, а потоа наросете презла и сусам и печете во рерна на околу 180 степени околу 20-тина минути.