Без победник и без погодоци заврши премиерниот натпревар од 22. коло во германската Бундес лига, дуелот во Гелзенкирхен помеѓу екипите на Шалке и Мајнц.
Репрезентативецот на Македонија и капитен на Манјц, Николче Новески се покажа како непремостлива пречка за напаѓачите на Шалке, Клас-Јан Хунтелар и Кевин Принц Боатенг.
Очајниот тим на Хамбургер, најверојатно ќе биде најновата жртва на вицешампионот на Германија, тимот на Борусија од Дортмунд, а убедливо најголема неизвесност и борба до последниот судиски свиреж се очекува на дуелот помеѓу екипите на Волфсбург и Баер од Леверкузен.
Денеска на програмата: Борусија М. – Хофенхајм, Фрајбург – Аугсбург, Нирнберг – Брауншвајг, Хамбургер – Борусија Д., Штутгарт – Херта, Волфсбург – Леверкузен.