Кремасто пире од компири со лук

Лукот на ова пире му дава неверојатна арома.

Состојки:

8 компири со средна големина

1 главица лук (излупени чешниња)

1 супена лажица и 1 кафена лажичка сол

½ филџан млеко

100 грама путер

Подготовка:

  1. Излупете го компирот и исечете го на четири дела, па потоа повторно преполовете ги. Во подлабок сад ставете го компирот и лукот, па прелејте со вода, така што водата ќе ги прекрие компирите за околу 2 цантиметри, додадете една лажица сол.
  2. Варете го компирот додека не почне да врие, потоа намалете ја температурата и варете го компирот додека не омекне, околу 25 до 30 минути.
  3. Процедете ги компирот и лукот па вратете ги во садот каде што сте ги вареле. Загревајте на средна температура околу 1 до 2 минути, додека не се потсушат, па тргнете ги од ринглата.
  4. Во помало тенџере проварете млеко и со него прелејте ги компирите. Додадете путер и една кафена лажичка сол. Изгмечете го компирот додека не добиете кремасто пире.