СДСМ нема да учествува на овие лажни избори, рече лидерот на најголемата опозициска партија, Зоран Заев, на вечерашната прес-конференција, половин час откако собранискиот спикер Трајко Вељаноски го распишти Собранието.
-Парламентот се распушти без да бидат овозможени минимум услови за избори. Без пречистен избирачки список, без реформи во медиумите, со притисоци, не одиме на избори, рече Заев.