Потребни ви се:
- 400 гр мали компирчиња
- 50 g на маслиново масло
- 50 г путер
- хималајска сол
- бибер
- 1 китка свеж магдонос
- 1 лимон
- 1 лажица кора од лимон
- 1 лажица сок од лимон
- 4 чешниња лук
Подготовка
Измијте ги компирите. Доколку се млади и со тенка лушпа нема потреба да се лупат. Во спротивно излупете ги. Стевете ги во лажица, и со нож засечете ги како на примерот на сликата подолу.
Стопете го путерот, додадете го маслиновото масло, кората од лимон и сокот од лимон. Изрендајте го лукот и додадете го во смесата. Загрејте ја рерната. Ставете ги копирите во сад за печење. Посипете ги внимателно со половина од смесата со путер, масло и лимон. Зачинете ги со хималајска сол и бибер и ставате ги да се печат.
Оставате ги да се печат 30 минути, а потоа посипете ги со останатата половина од смесата.
Штом се потпечат и добијат боја, извадете ги и посипете ги со свеж магданос.
Уживајте во крцкавите, вкусни компирчиња.