Во Женева е покрената истрага против Виктор Јанукович и неговиот постар син Александар, пренесе „УНИАН“. Двајцата се осомничени за перење пари.
Претходно швајцарската Влада одлучи дека ако на територијата на земјата се откриени какви и да било средства поврзани со Јанукович, тогаш тие ќе бидат замрзнати. Во европската држава беше откриено дека е регистрирана компанијата „MAKO Холдинг“, што припаѓа на синот на поранешниот претседател, Александар.
Швајцарија исто така најави дека се замрзнати средствата на 20 украински бизнисмени и политичари, вклучувајќи ги и оние на Јанукович, неговиот син и голем број поранешни министри на Украина.