Манџата од тиквички и домати е идеално јадење за летните денови – лесно, сочно и вкусно.
Тиквичките и доматите се совршен спој, а кога ќе им се додаде и моцарела уживањето е загарантирано. Целата манџа можете да ја зачините со малку лути пиперчиња.
Состојки:
- Тиквички
- Домати
- Сос од домати
- Чили пиперчиња
- Лук
- Магданос
- Босилек
- Моцарела
Подготовка:
Исечете ја тиквичката на кругови или на долги плочки, посолете ја и оставете 20 минути да се исцеди.
На маслиново масло потпржете го лукот, додадете му сечкан домат, чили пиперка, па се прелејте со сос од домати. Посолете и варете додека не омекне доматот .
На крај посолете со сечкан магдонос и босилек.
Кога ќе се исцедат тиквичките ставете ги на грил тава и лесно потпечете ги, но немојте да ги печете до крај. Во огноотпорен сад на дното наредете еден ред тиквички па прелејте с сос од домати, а врз сосот наредете парченца моцарела. Повторувајте ја оваа постапка додека не останете без состојки.
Потпечете на 200 степени додека јадењето да добие златна боја.