Најдена мртва жена во битолско

Шеесет и петгодишна жена била најдена мртва во куќа во битолско.

Како што информираат од МВР,  вчера околу 16.00 часот во село Барешани, битолско, пред куќата каде што живеела, била пронајдена почината М.К.(65), чие тело било во фаза на распаѓање.

Лекар од Итна медицинска помош од Битола констатирал дека смртта настапила пред неколку дена. Увид извршила екипа на СВР Битола, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата е предадено на обдукција.