Лајонел Меси беше во центарот на вниманието во дуелот за квалификациите за Мундијалот против Уругвај.
Најдобриот фудбалер на светот се врати во националниот тим и веднаш покажа колку вреди постигнувајќи го единствениот гол на натпреварот. По завршувањето на мечот, воодушевените аргетински навивачи истрчаа на теренот и потрчаа кон Меси за да му покажат колку го сакаат.
Фудбалерот на Барселона во 43-тата минута и по неколку мајстории, но и доста среќа постигна гол, а гостите од Уругвај во второто полувреме не ја искористија големата предност откако Пауло Дибала во 45-тата минута го доби вториот жолт картон.
Аргетинците по седум натпревари водат на табелата со 14 бодови, еден повеќе од Уругвај.
Исклучително важна победа оствари Бразил против Еквадор во гости со 3:0. Гостите сите три гола ги постигнаа во последните 20 минути. Нејмар од пенал погоди за 1:0 во 87-мата минута Ајов и постигна автогол, а Габриел Хесус за завери победата во последната минута.
Бразил во моментов е на петтото место во групата со 12 бодови и во продолжението на квалификациите ќе мора да се потруди за да заземе едно од првите четири места што директно водат на Мундијалот.
Јужноамерикански квалификации:
Боливија – Перу 2:0
Колумбија – Венецуела 2:0
Еквадор – Бразил 0:3
Аргентина – Уругвај 1:0
Парагвај – Чиле 2:1
Табела:
- Аргентина 7 4 2 1 7:4 14
- Уругвај 7 4 1 2 12:5 13
- Колумбија 7 4 1 2 11:8 13
- Еквадор 7 4 1 2 12:10 13
- Бразил 7 3 3 1 14:8 12
- Парагвај 7 3 3 1 9:7 12
- Чиле 7 3 1 3 13:12 10
- Боливија 7 2 0 5 9:13 6
- Перу 7 1 1 5 6:14 4
- Венецуела 7 0 1 6 7:19 1