Одлична салата, спој на ориз со кисел зеленчук, печурки и шунка и слатки колачиња со чоколадо и ореви.
Потребно:
300 гр ориз
50 гр шунка
50 гр кашкавал
50 гр кисели краставички
50 гр кисели моркови
50 гр шампињони
50 гра грашок
50 гр маслинки
50 гр кисели пиперки
50 гр сецкана туна
1 лажица мајонез
250 грама мешан зеленчук
За прелив :
250 мл кисела павлака
1 лажица мајонез
Подготовка:
Најпрвин се вари оризот и кога ќе биде готов, се става во цедилка и е се мие со студена вода. Внимаваме при варењето зрната ориз да ни бидат цели. Потребните состојки ги сецкаме ситно, и на крај убаво ги мешаме со преливот. Послужете ја со кифлички, а одлична е за претстојните празници.