Поранешна офицерка на ЦИА со српско потекло е директорка на компанија со со чиј што авион нарко- босот Дарко Шариќ е пренесен во Подгорица.
Со летовите на тој авион располага швајцарската компанија од Цирих „Џет евиејшн“, под контрола на позната американска компанија „Џенерал дајнамикс“, чиј директор е Фиби Новаковиќ.
Летот на авионот во кој Шариќ бил на аеродромот во Подгорица во меѓународната јавна база на податоци од радарите на летање се водел како „непознат“ и тоа на барање на сопственикот на компанијата.
Вчера истиот авион е користен за лет од Виена и тие податоци биле достапни во базата на податоци.