Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск повика на молитва за враќање на демократијата и мирот во сите земји, особено оние кои минуваат низ тешкотии, и потенцираше дека тука мисли на Македонија.
„Од Венецуела пристигнуваат драматични вести. Судирите се тешки, со бројни мртви луѓе, повредени и затворени. Се молам за семејствата на жртвите и ја молам власта во земјата да се избегне секаква форма на насилство, да бидат почитувани човековите права и да се разговара за решенија кои ќе бидат излез за економските, политичките и хуманитарните кризи во кои се наоѓаат луѓето. Да се помолиме на Пресвета Дева Марија за мир, помирување и демократија за таа земја. Да се помолиме за сите земји кои минуваат низ тешкотии, особено мислам за Република Македонија“, рече папата Франциск.