Дваесет и четири лица, меѓу кои четири деца, загинале при уривање на ѕид на прослава на венчавка во западна Индија, а многу други се повредени, објави локалната полиција во четвртокот.
Гостите на венчавката се засолнале во средата ноќта во ламарена колиба покрај ѕидот кој се урнал, рекол Анил Танк, шеф на локалната полиција. „Ѕидот и засолништето од ламарина крај него се урнале поради бурата“, појаснил.
Уште 26 лица се повредени, од кои 15 тешко.
Според индиската новинска агенција Trust of India, масите со храна биле наредени по должината на ѕидот висок околу четири метри а долг 27 метри.
„Работевме цела ноќ. Се обидувавме да спасиме што е можно повеќе луѓе, беше страшно“, рекол спасувач на местото на несреќата во Баратпур, во сојузната индиска држава Раџастан.
Полицијата отворила истрага, а приведен е сопственикот на просторот, осомничен за убиство од небрежност, според локален судски извор.