Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ја осуди во вторникот изолацијата од страна на сунитските арпски земји во Персискиот залив на емиратот Катар како „нехумана и спротивна на исланските вредности“ и предупреди дека таквите методи се неприфтливи и дека се соодветни на „смртната казна“.
Бранењето на Катар од стран на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во говорот во парламентот во кој доминира неговата Партија на правдата и развојот (AKP), следеше откако на почетокот од минатата седмица Саудиск Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Египет, Бахреин и Јемен ги прекинаа дипломтските односи со Катар, воведоа блокади на неговите воздушни, копнени и поморски граници обвинувајќи го малиот но богт емират дека ги поддржува рдикалните исламистичк и терористичк групи и шитски Иран. Официјална Доха во неколку наврати ги отфрли ваквите обвинувања како бесмислени, недокажани и незаконски.
„Во однос на Катар, се чини е сторена една голем грешка, изолирње на нацијата на сите полиња е негумно и спротивно на исламските вредости. Како на Катар да му е изречена смтна казна. Катар покажа крајно решителен став против терористичката организација Исламска држава заедно Турција. Прогласувањето на Катар за виновник со клеветничка кампања не служи за ништо“, рече Ердоган.
Исто така, турскиот претседател изјави дека подоцна во вторникот телефонски ќе разговара со францускиот колега Емануел Макрон и со катарскиот емир ал-Тани за оваа ситуација.
Ердоган истакна дека саудискиот крал, како постар државник во Персискиот залив, би требало да биде предводник во напорите за надминување на кризата. Овие денови за кризата Ердоган би требало да разговара и со американскиот претседател Доналд Трамп. Турскиот претседател претходно побара кризата да се надмине до крајот на светиот муслимански месец Рамазан и вети воена и помош во храна за Катар.