Немири, судири и жртви за време на локалните избори во Турција.
Според турските медиуми, најмалку шест луѓе загинаа меѓу членови на сопернички партии на локалните избори во турските окрузи Шанлурфа и Хатај, јужна Турција.
Две лица загинаа, а деветмина се повредени во судири во округот Хатај.
Во спор меѓу две семејства, кои поддржувале различни кандидати во округот Шанлурфа, убиени се четворица, а осум лица се повредени.
На денешните избори ќе гласаат 52.695.831 турски државјнани на повеќе од 177.000 избирачки места за претставници на локалната власт.