Теловска: Владата на СДСМ покажува негрижа и игнорантски однос кон лицата со попрeченост

Владата на СДС покажува негрижа игнорантски однос кон лицата кои имаат најголема потреба од општествена грижа, тоа се лицата со попраченост, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Имено владата крати цели 3 милиони денари потребни за изградба на дневен центар на лицата со попреченост тука во општина Чаир. На сметка на тоа додава милиони за нови партиски вработувања. Дали е тоа истата партија која велеше дека се бори за департизација на општеството“, истакна Нермин Теловска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

За разлика од нив, додаде таа, ВМРО-ДПМНЕ во 2017-та година направи акциски план со конкретни рокови за остварување за изградба и отварање на повеќе дневни центри за лицата со попреченост низ Македонија меѓу кои и во Чаир.

„Со жалење ве информирам дека сите овие проекти се стопирани од оваа влада на СДС. За жал многу семејства имаат неопходна потреба од вакви дневни центри. Поради ова, заради вакво нехумано однесување оваа влада на СДС мора да сноси морална и политичка одговорност“, рече Теловска.