Полската владејачка партија и шефот на државата поблиску до договор за реформа на правосудство

Полската владејачка партија Правда и справедливост (PiS) и претседателот на државата Анджеј Дуда соопштија во саботата дека се приближиле до постигнување на компромис во однос на реформата на правосудството, прашање коешто ги подели некогаш блиските сојузници и ја загрижи Европската унија којашто се закани со санкции за Варшава.

Во јули годинава, претседателот Анджеј Дуда, кого на изборите во 2015 година го поддржа партијата Право и справедливост (PiS), неочекувано стави вето на предлогот на владејачката партија за реформа на правосудството по протестите и предупредувањата од Европската унија за политизирање на судовите. Поради ветото се постави прашањето дали PiS ќе го поддржи Дуда и на следните претседателски избори.

Во септември претседателот Дуда изнесе противпредлог којшто, исто така, според критичарите предвидува поголема политичка контрола над судовите, но шефот на државата а не од министерот за правда, како и парламентот.

Пратениците на PiS и на опозициските партии го критикуваа предлогот на Дуда, а претседателот Дуда и челникот на PiS, Јарослав Качински имаа повеќе средби за да разговараат за реформите, но тешко наоѓаа компромисно решение. По последниот состанок, кој завршил во петокот ноќта, претставниците на двете страни изјавија дека се приближиле до компромисот.

„Право и справедливост направи големи отстапки во однос на реформите на правосудството (…) Мислам дека сме блиску до договор“, изјави во саботата за медиумите портпаролката на владејачката партија.

Т дека во PiS го прифатиле предлогот на Дуда во парламент за именување на новите судии во Врховниот суд да биде потребно мнозинство од три петтини, како и намалување на влијанието на министерството за правда врз судовите.

Главниот помошник Криштоф Шчерски изјави дека состанокот со Качински бил „чекор напред кон постигнување заедничка компромисна верзија на правосудните реформи во рамките на предлогот на законот кој претседателот неодамна му го упати на парламентот“, пренесе полската новинска агенција PAP.