Заев: Се надевам на фер и демократски избори

Денеска е голем ден за демократијата и слободата во Република Македонија, ден кога граѓаните избираат продолжување и заокружување на промените во нашата земја, рече премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев кој попладнево гласаше во избирачкото место во Струмица.

 

– Пред сè, се надевам на фер и демократски избори, само така сите победуваме во Македонија, а на крајот преку нашиот глас, преку процентот на излезеност, навистина даваме поддршка и за иден раст и развој на сите општини во нашата земја. Им посакувам на граѓаните, вечерва сите да се чувствуваат како победници – рече Заев.