Харадинај: Границата меѓу Косово и Црна Гора со помош на меѓународна арбитража

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави во саботата дека решавањето на прашањето на разграничувањето со Црна Гора останува меѓународна арбитража откако во косовскиот парламент нема доволно гласови за усвојување на сегашниот предлог од договори, на кој и самиот тој се противи, пренесуваат црногорските медиуми.

Разграничувањето со Црна Гора и напредување во борбата против корупцијата и организираниот криминал на Косово се двата преостанати услови од коишто зависи можноста за слободно движење на косовските граѓани без визи во земјите од Шенген зоната.

Црногорската влада и нејзиното министерство за надворешни работи не се огласува по тврдењата на косовскиот премиер Рамуш Харадинај дека ова прашање за разграничување на двете држави наскоро ќе биде решено, како и дека, како што неодамна изјави, „наскоро ќе се потврди дека вистинската граница е во внатрешноста на територијата на Црна Гора“.

Шефот на црногорската дипломатија Срѓан Дармановиќ претходно повеќепати дека за Црна Гора оваа приказна околу разграничувањето со Косово е завршена. Тоа го повтори и на почетокот од ноември при првата посета на Харадинај на Подгорица.

Дел од косовската јавност и политичките партии, вклучително и самиот премиер Харадинај, сметаат дека Косово со разграничувањето е оштетено за 8.000 хектари територија и поради тоа две години косовскиот парламент не го усвојува договорот за разграничување, кој е потпишан во Виена во август 2015 година, иако тоа веќе го стори црногорскиот парламент.

По промената на власта почетокот од септември косовската влада формираше нова комисија којашто би требало да ја одреди границата со Црна Гора.

„Оваа верзија на демаркацијата ќе падне и потоа останува во рацете на Црна Гора дали ќе прифати повторно да преговара или не“, изјави Харадинај на состанокот со претставниците на медиуми кон крајот на октомври.