Човекот кој го претепал американскиот републикански сенатор Рен Пол во неговиот дом, бил неговиот сосед Рене Алберт Баучер, кој работел како лекар анестезиолог и е поддржувач на Демократската партија, пренесе во саботата ноќта телевизиската мрежа Fox News.
Републиканскиот сенатор Ренд Пол, кој инаку е офтамолог, под сѐ уште нејасни околности беше нападнат во петокот во неговиот дом во Боулинг Грин во сојузната држава Кентаки, кога минал со полесни повреди.
Според извештајот на телевизијата, Пол и Баучер живеат во непосредно соседство, рекол еден нивен сосед, и тие имале соседни имоти во близина на нивните домови. Според неговата оцена, тоа бил причина за спорови меѓу нив. Соседот рекол дека во петокот по 15 часот, сенаторот ја косел тревата во предниот тревник, каде што Баучер го нападнал.
Телевизијата, исто така, забележува дека на профилот на социјалната мрежа Facebook на Баучер, кој е деклариран приврзаник на Демократската партија, имало поставени многу материјали против актуелниот американски претседател Донадл Трамп кој победи на ланските претседателски избори како кандидат на Републиканската партија. Ренд Пол, инаку, во 2016 година се повлече од републиканската трка за претседателска номинација.
Американските медиуми наведуваат и дека Баучер станал пошироко познат откако во 2003 година бил награден за патентот за елек „Therm-a-Vest“ кој ги намалува болките во грбот, загревајќи ги деловите од грбот каде што се чувствува најголемата болка.
Претходно канцеларијата на сенаторот Пол соопшти дека тој во инцидентот се здобил со незначителни повреди, но оти се чувствува многу добро.