Шпанското државно обвинителство подигна во петокот утрото обвиненија против уште шест поборници, од кои пет се жени, за независноста на Каталонија, ден откако на предвремените парламентарни избори во оваа североисточна шпанска покраина кои ги распиша официјален Мадрид надевајќи се дека ќе ги порази каталонските тежнеење за отцепување, победија сепаратистичките партии.
Шестемина каталонски функционери се обвинети дека пред два месеца учествувале во бунтот против Шпанија. Обвинети се за подготовка на референдумот кој Уставниот суд на Шпанија го прогласи за нелегален, за откажување послушност и изгласувње на независноста на покраината Каталонија.
Проширувањето на истрагата за овие лица следеше неполни десет часа откако во четвртокот вечерта партиите поборници за независноста на Каталонија освоија 70 од 135-те места во покраинскиот парламент, што им овозможува формирање регионална влада.
Обвинението за бунт е проширено на Артуро Мас, поренешени претседател на владата на Каталонија и актуелен челник на Каталонската европска демократска партија (PDeCAT). Обвинета е и Марта Ровира, втората личност на Каталонската републиканска левица (ERC) чијшто претседател Ориол Жункерас веќе се наоѓа во притвор крај Мадрид. Пратеничката на антикапиталистичка партија Кандидатура на народното единство (CUP), Ана Габриел, исто така, е обвинета, како и нејзината партиска колешка Мирела Боја. Истрагата е проширена и на Марта Паскал од PDeCAT и на Неус Ловерас, претседателка на Здружението на градовите за независност.
Откако на 27-ми октомври во каталонскиот парламент е изгласано воспоставување на самостојна република Каталонија, обвинети се министрите на тогашната каталонска влада и членови на парламентот кои го дозволиле гласањето. Некои од нив се наоѓаат на условна слобода во домашен притвор, некои се притворени крај Мадрид, а некои се во егзил во Белгија и им се заканува апсење доколку се вратат во Шпанија.
Сите тие се обвинети за бунт против Шпанија, бидејќи, според Мадрид, ги подготвувале и поттикнувале 5,5 милионите Каталонци на илегување на референдумот за независност на 1-ви октомври, користеле јавни средства (на покраината) за негово одржување и се оглушиле на налогот од уставниот суд кој го забрени референдумот. Референдумот се одржа и покрај интервенцијата на шпанската полиција донесена од другите делови на земјата откако каталонската откажа послушност, и запленување на изборниот материјал и затворања на многу избирачки места. Врз основа на резултатите од тој референдум во парламентот беше изгласана независноста, иако веднаш потоа беше одложено нејзиното ефектуирање.
Шпанската влада ден потоа ја распушти каталонската влада и ја суспендираше автономијата на покраината, односно нејзините министерства го преземаа управувањето со админстрацијата на Каталонија и распиша брзи предвремени избори, надевајќи се дека така ќе ја придуши поддршката на тенденциите за отцепување. На овие избори, одржани во четвртокот, трите партии за независност повторно го освоија мнозинството пратенички мандати, 70 од 135. На претходните избори од 2015 година имаа 72 пратеници, а за формирање влада потребни се 68 гласа.
Поединечно најмногу пратенички места освои центристичката партија Граѓани, но со 37-те пратеници не може да формира влада, бидејќи другите партии поборнички на унитарноста на Шпанија овоија премал број пратенички места.
Се очекува дека партијата PDeCAT, којашто на изборите настапи во коалицијата Заедно за Каталонија, додека на минатите избори сите три големи партии за неависност одеа во коалицијата Заедно за Да, која освои 34 мандати ќе влезе во коалица со ERC и CUP. Овие три политички формации дејствуваа заеднички по изборите од 2015-та за осамостојувањето на Каталонија.