САД и Русија се договориле дека ќе ги продолжат дипломатските напори за да се реши кризата поради севернокорејскиот развој на нуклеарното вооружување и балистички проектили кои можат да ја достигнат американската територија и истакнале дека не ја прифаќаат Северна Кореја како нуклеарна сила, објави во средата американскиот Стејт департмент.
Портпаролоката на Стејт департментот, Хетер Нуаерт изјави дела државниот секретар Рекс Тилерсон и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров разговарале телефонски во вторникот, откако претходните денови САД и Обединетите нации најавија нов круг санкции против Северна Кореја.
„Разговараа за загриженоста поради севернокорејската нуклеарна програма и истакнаа дека ниту САД, ниту Русија не ја прифаќаат Демократска Народна Република Кореја како нуклеарна сила“, рече Науерт.
Додаде дека двете страни се согласиле да продолжат да работата н дипломатски план за да се постигне целта за денуклеаризација на Корејскиот полуостров.
Русија во вторникот повторно понуди да биде посредник за да се ублажат тензиите меѓу Вашингтон и Пјонгјанг, поради што се зголемија стравувањата од нов судир на полуостровот.
Според соопштението на руската дипломатија, Лавров на Тилерсон му кажал дека „американската агресивна реторика“ и јакнењето на военото присуство на САД во регионот ги зголемија тензиите, како и дека се неприфатлив. Лавров повторно повикал на преговори за решавање на кризата и ја истакнал потребата наместо санкции што поскоро да го започнат преговарачкиот процес.
Тилерсон и претходно го нагласуваше дипломатскиот пат, но администрацијата претседателот Доналд Трамп во повеќе наврати предупредуваше дека на масата се сите опции, вклучително и воената.