Од 10 часот до завршување на манифестацијата за Водици во центарот на Скопје за сообраќај ќе бидат затворени улиците „Филип Втори“ до бул. „Гоце Делчев“ и ул .„Кеј 13 Ноември“ до бул.„Кочо Рацин“.
– Во општина Ѓорче Петров од 10 часот за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“ десно по бул. „Партизански одреди“, десно по ул.„Ѓорче Петров“, лево по ул. „Васил Чакаларов“. Како и од црквата „Свети Пантелејмон“ по ул.„Демир Трајко“ и лево по ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар, соопшти СВР Скопје.
Во општина Аеродром од 10 часот за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон село Лисиче.